Заев-Даниелсон: ЕК останува на својата безусловна поддршка за старт на преговорите со земјава

Од:

Унапредување на регионалната соработка што ја поттикнаа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама била тема на разговор меѓу директорот на Директоратот за соседски политики и проширување, Кристијан Даниелсон и премиерот Заев.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, била охрабрена оваа иницијатива заради фактот што таа е во согласност со Берлинскиот процес, и особено заради инсистирањето во неа да бидат вклучени сите земји од Западен Балкан.

Даниелсон, се наведува во соопштението, му ја пренел на премиерот Заев пораката од новиот еврокомесар за проширување и добрососедски односи, Оливер Вархељи дека ЕК останува на безусловната поддршка за старт на преговорите со Северна Македонија.

-Заев се заблагодари на поздравот и на пораките и истакна дека нашата земја останува посветена на континуитетот на реформите и на напредокот во усвојувањето на стандардите на ЕУ во сите области, со посебно внимание на имплементацијата на правосудните реформи, и дека ќе очекува исполнување на препораката, се наведува во соопштението.

На средбата, на која присуствувал и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, премиерот Заев истакнал дека Владата останува посветена на спроведување на добрите соседски политики и на унапредување на економските односи со двете земји, како и со другите соседи.

Би можело да ве интересира

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Зеленски: Украина е подготвена да го забрза пристапувањето кон ЕУ и да ги отвори сите кластери

Израелците во Европа ги продаваат палестинските производи како свои