Заев: Да не се оди на парламентарни избори, да се даде шанса на економијата

Од:

Идната, 2019 година да ја прогласиме за економска, како што оваа, 2018-та беше година на интеграциите. Парламентарните избори да се вратат на нормален колосек и да бидат редовни, а не да се одржуваат пред време, рече премиерот Зоран Заев на денешната втора буџетска конференција во Стопанската комора на Македонија.

Заев напомена дека одржувањето предвремени парламентарни избори е погубно за економијата, ја отежнува работата на бизнисот, го прави непредвидлив и го оневозможува неговото планирање.

Крупните политички чекори, потенцира премиерот, мора да се направат ако сакаме раст и развој на државата.

– Да не се оди на избори, туку да се даде шанса на економијата. Знаеме како предвремените парламентарни избори влијаат врз бизнисот особено ако се одржуваат паралелно со други избори како што ќе бидат догодина претседателските. Предвремените парламентарни избори ја умртвуваат економијата за четири до шест месеци. Парламентарните избори да бидат редовни за да му се овозможи на бизнисот да прави планови и предвидливи чекори, истакна Заев.

Претходно претседателот на Стопанската комора Бранко Азески исто така изрази уверување дека 2019 ќе биде прогласена за економска година.

– Ние сме за развоен буџет, иако тоа е тешка работа. Ќе направиме се што можеме за 2019 да биде година на економијата, рече Азески.

Буџетската конференција почна со излагањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кој пред стопанствениците ги повтори проекциите на Предлог-буџетот за 2019 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска