(ВИДЕО) Заев: Чекам да се докаже дали Јанева е инволвирана или злоупотребена

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека тој не се слушнал телефонски со Катица Јанева, пред да и биде конфискуван мобилниот телефон.

– Не сум се слушнал со Катица Јанева, рече Заев, по шпекулациите дека специјалната јавна обвинителка контактирала со високи функционери пред да и се одземе телефонот.

„Јавното обвинителство е должно да каже дали се злоупотребува Катица Јанева во процесот или има докази против неа“, смета Заев.

Заев нагласи дека истрагата треба да покаже каква е улогата на Јанева и додаде дека додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал, важи пресумцијата на невиност.

„Не можам да потврдам на кого мисли Героски, кога зборува под псевдоними за функционери и би шпекулирал само. Етички може да е нарушен угледот, можеме да бидеме употребени или злоупотребени. Јанева даде оставка… додека не се докаже дека е инволвирана стојам зад неа”, рече премиерот.

Заев рече дека верува во правосудниот систем и дека конечно има правна држава,

– Се покажува дека законот важи за сите. Не треба да ги коментираме постапките на институциите, но потребна е транспарентност. Верувам дека секој што се огрешил и има докази, дека ќе одговара, кажа Заев.

„Веќе има истрага, има притвор за осомничени. Дали некој бил носител на функција во власта, тоа ќе заврши ако се докаже во постапка, тоа не важеше за претходната власт“, додаде Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов