Заев – Брнз: Поддршка за борбата против корупцијата, европските реформи и можностите за унапредување на билатералната и економска соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера на средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Кејт Брнз разговарале за неодамна усвоениот владин План за борба против корупцијата.

Како што соопшти владината прес-служба, во таа насока премиерот Заев истакна дека Владата е целосно посветена на неговото спроведување како системски организиран процес за зајакнување на капацитетите и за синхронизирање на активностите на институциите за бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот, судирот на интереси и злоупотреби на позициите, а амбасадорката ги поздрави ваквите напори.

Премиерот Заев и амбасадорката Брнз, се наведува, разговараа и за реформите предвидени со „Агенда: Европа дома“, во која, освен утврдените чекори за борба против корупцијата, се вклучени и мерки за обезбедување европски стандарди за изборните реформи, за правосудството, темелните човекови права, реформите во медиумската сфера, економско владеење, реформа на јавната администрација, како и за реформите во областа на животната средина и климатските промени.

Со посебно внимание премиерот Заев и амбасадорката Брнз се задржаа на можностите за унапредување на економската соработка и за пројавениот интерес на некои компании од САД да инвестираат во Северна Македонија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот