Заев: Барам чист мандат за да се покажеме на економски план

Од:

Барам чист мандат за да се покажаме на економски план. Лично ќе се посветам со огромна доминација на економијата, за да има вистински економски натпревар меѓу политичките субјекти, заради тоа што уште еднаш кажувам две работи се тие што ќе бидат доминантни во следниот четиригодишен период: економија и трансформација севкупна на нашето општество, истакна денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на средбата со стопанственици во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Посочи дека е економист, доаѓа од реалниот сектор, практичар, и оти во изминатите две и пол години успеале од негативни ставки на БДП од минус 1,8 да стигнат до 3,6, резултати кои можат да бидат уште подобри.

– Имаме квалитетни компании, инвентивни бизнисмени. Навистина сме пример за многу нешта во светот и сето тоа како потенцијал мораме да го искористиме секако во чекор со современите технологии, дигиталните предизвици кои се појавуваат пред нас и сето тоа што претставува предизвик на новото време. Но, и таа севкупна трансформација е заради економијата, бидејќи кога ќе ги прашате граѓаните кога бараат правна држава бараат од аспект дека тоа го подобрува економскиот живот, кога бараат подобро образование на крајот е пак заради економија, дали е за младите за полесно да најдат работни места или бизнисмените и фирмите да најдат квалификувана работна сила, на крајот е сето тоа пак економија, истакна Заев.

Стадиумот до кој стигна нашата земја, посочи, е да зборуваме за економијата и верувам дека ќе бидеме паметни, пред се политичарите на големите политички партии да зборуваат во периодот што претстои пред нас за економијата, идеите, моделите, инвентивноста, кој колку повеќе да бидеме креативни, колку повеќе збор ќе земеме пред деловните луѓе во економијата. – Верувам дека тоа ќе направи еден притисок за идните имплементации на економските мерки што ќе произлезат од тие што ќе ја добијат власта секако, но и опозицијата е исто така важна во сите овие сегменти, рече Заев.

Тој потенцира дека со Сојузот на стопански комори состаноците секогаш биле квалитетни и додаде дека е даден одговор на 78 економските мерки на ССК, со напомена дека 29 се веќе решени прашања, голем дел се започнати да се решаваат, а 13 се во надлежност на општините и останати институции и веќе се адресирани.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска