Заев бара новинарите да влезат во Клуб на пратеници, ВМРО-ДПМНЕ одбива

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска побарале новинарите кои чекаат пред Клубот на пратеници да влезат внатре, но владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го одбила предлогот, брифираат извори од внатре.

Дел од новинарите поради ладното време заминаа од пред Клубот на пратеници каде во тек се преговори меѓу партиските лидери. Дел се се уште таму и се засолнети во автомобилите на паркингот за да не мрзнат на отворено.

Лидерските средби знаат да траат по неколку часа и неизвесно е колку време ќе трае денешната. Во услови на ладно време и загаден воздух, третманот кон новинарите е понижувачки.

Предмет на преговорите денеска се реформите во медиумите како и експертскиот дел од составот на ДИК.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија