Заев-Бајден: Република Северна Македонија има целосна поддршка за успешните евро-атлантски политики и во иднина

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во делот на својата агенда од учеството на Минхенската конференција за безбедност, денеска се сретна со поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден.

Премиерот Заев и членовите на владината делегација на средбата, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, ја изразија својата и благодарноста на граѓаните на нашата земја за поддршката што низ целиот процес на успешното разрешување на спорот со Република Грција доаѓаше од страна на САД и нивните највисоки претставници.

Поранешниот потпретседател на САД Бајден упатил силни честитки за статусот поканета земја во НАТО, и изрази цврста подготвеност да ја поддржи ратификацијата на Протоколот во американскиот конгрес, како и да ги охрабри парламентарните претставници на другите земји членки на НАТО, истото да го направат колку што е можно побргу.

Поранешниот потпретседател на САД Бајден нагласил дека успехот на Република Северна Македонија е успех и на политиките на САД и на Европската Унија, и дека се радува на денот кога ќе биде заокружена ратификацијата на Протоколот и кога Северна Македонија ќе стане еднаков по важност партнер со другите сојузници во НАТО.

Премиерот Заев на средбата му се заблагодари на поранешниот потпретседател на САД Бајден за неговите заложби за успешно разрешување на спорот со Грција и за поддршката на Договорот од Преспа кој го откочи процесот за нашето членство во НАТО, и им даде сигурност на политиките на земјата за аспирациите за поскорешно членство во ЕУ.

Двајцата соговорници на средбата ги потврдија и афирмираа и идните перспективи за соработка меѓу САД и Република Северна Македонија во повеќе области со посебен нагласок на прашањата од заедничките безбедносни политики.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска оствари средба и со адмиралот Џејмс Ставридис и амбасадорот Ричард Бурт од консултантската организација Мек Ларти Асошиејт, кои со честитките за успешните евро-атлантски политики на нашата земја, ја понудија и својата поддршка и искуство во идните меѓународни активности на Владата на Република Северна Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов