Заев: Апелирам до граѓаните да го скротат гневот, убаво е протестите да престанат

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека доколку владејачката партија го организира своето членство во протести со кои ќе се обвини опозицијата за настаните во Куманово, на тој начин само ќе потврди дека тоа што се случува од утринава е сценарио на власта.

На денешната прес конференција новинар го праша Заев за коментар во врска со информациите дека во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ спонтано се собираат членови и имаат намера да дојдат во Скопје на контрапротести обвинувајќи ја опозицијата дека стои зад инцидентите во Куманово.

– Се надевам дека тоа не е така. Доколку е така, тоа е само потврда за мрачно сценарио коешто се подготвувало во Македонија. Опозицијата не е непријател на државата. Сите заедно мораме да бидеме насочени кон решавање на конфликтната ситуација којашто се случува во тоа маало во Куманово и секако сите заедно мораме да гарантираме безбедност и стабилност на државата. Се надевам дека не е сценарио. Но ако доаѓаат организирано членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ пред штабот на Социјалдемократскиот сојуз, коешто на ангро се шири на секаде, тоа е само потврда за некакво сценарио – изјави Заев.

Тој упати апели да се стопираат протестите низ Македонија кои започнаа во Скопје по објавените разговори за случајот со убиството на Мартин Нешковски.

– Апелирам до сите граѓани да ги скротат гневовите коишто ги имаат во душите, предизвикани од актуелните состојби во Македонија, соопштени преку доказите на опозицијата. Убаво е протестите да престанат иако беа самоиницијативно организирани и тоа го знаат сите многу добро. Во овој период и со мислите и со нашите мудри и паметни идеи, заедно сплотено сите граѓани, да придонесеме кон брзо решавање на оваа тешка состојба што не измачува сите во моментов и којашто е многу лоша за Македонија – рече Заев.

На прашањето дали и покрај се ќе се одржи протестот на 17-ти мај, тој одговори дека партијата дополнително ќе одлучува за тоа.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев