Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува волјата на народот, тогаш веднаш одиме на избори

Од:

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и покрај неисполнетиот цензус најави дека продолжува со европскиот пат на Македонија.

Граѓаните и институциите спроведоа мирен референдумски ден, Македонија и граѓаните покажаа дека се дел од европското семејство, гласаа достоинствено и слободно. Секој граѓанин донесе одлука по сопствено убедување, референдумот е алатка на која одлучуваат само тие што излегуваат на гласање.

Успехот е заеднички на нашата земја и на сите граѓани без разлика на бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам дека огромното мнозинство на граѓаните кои гласа кои избраа европскиот пат. Гласот на граѓаните, волјата на оние што гласаа треба да се претвори во политичка одлука во законодавниот дом.

Ако навистина имаме огромно мнозинство ЗА од тие што гласале тогаш јасна е иднината, гласот треба да е за да ги забрзаме процесите за европската иднина. Очекувам пратениците на ВМРО –ДПМНЕ да ја почитуваат одлуката на мнозинството граѓани, ако не другата алатка е предвремени избори веднаш, рече во обраќањето лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски