Заев: Ако Мицкоски и Силјановска прифатеа вонредна состојба, веројатно и вчера ќе се прогласеше

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека Владата не доцни со спроведување на мерките за заштита од короанвирусот како што тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заев вели дека Мицкоски и Гордана Силјановска на вчерашната лидерска, односно експертска средба кај Пендаровски тврделе дека треба кризна состојба, а не вонредна како што бара Владата од Собранието, односно претседателот на претседателот. Според него, доколку ВМРО-ДПМНЕ вчера прифатиле прогласување на ваква состојба, тоа можеби ќе било направено и вчера.

„Вчера имавме неколку часовна лидерска средба кај претседателот на државата. Буквално за една минута консезуално заклучивме дека треба да ги одложиме изборите. Останатите саат ги поминавме во убедување зошто треба вонредна состојба, наспроти тврдењето на господинот Мицкоски дека треба кризна состојба. Па и професорката Силјановска тоа го тврдеше. Денеска кога Владата донесе одлука за да побара од Собранието, а Собранието тоа да го проследи до претседателот на државата, воведување на воредна состојба, министерот Чулев поита да се јави, за да господинот Мицкоски излезе на прес-конференција и наводно вели дека Владата доцни со мерките и затоа апелира за вонредна состојба. Сите дома и во светот даваат комплименти на министерот за здравство, институциите, здравствените институции, Владата, како да се справува со здравствената состојба и токму поради тоа, можам да кажам дека ова е поради политички калкулации. Владата не доцни, Владата е навремена, доцни господинот Мицкоски. Ако вчера имаше храброст да ги прифати аргументите и анализите, Уставот е јасен, јасни се надлежностите, Владата работи транспаретно, веројатно уште вчера ќе прифатија Собранието или претседателот, како што е пропишано со Устав, да ја прогласи вонредната состојба“, рече Заев.

Тој објасни дека вонредната состојба не забрана за движење и полициски час, но укажа дека доколку не се почитуваат мерките на Владата, тоа може да се спроведе.

„Во секоја криза има нова можност, вели една кинеска поговорка. Вонредна состојба значи да има ред, дисциплина, да се почитуваат обврските кои ги даваат институциите, а тие да бидат попрофесионални кон граѓаните. Вонредната состојба значи дека ќе работат сите дејности и објекти како до сега, освен ако Владата не донесе спротивна мерка. Вонредна состојба значи дека ќе може да излеземе да завршиме неопходна работа и да се вратиме дома. Но, да завршиме работа со маска и заштитни ракавици. Смеат и старите луѓе да излегуваат но доколку мораат да завршат работа. Движењето ќе се забрани ако има полициски час, а ќе има ако не ги почитуваме мерките. Граѓаните мора да бидат сериозни. Владата ќе носи уредби со законска сила за заштита на зравјето на граѓаните“, посочи Заев.

Претседателот на СДСМ апелираше дека мора да се почитуваат мерките и препораките од надлежните институтии, а притоа истакна дека е благодарен на сите институции вклучени во справување со коронавирусот, заедно со медиумите.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска