Заедно со Владата ќе го ослободиме охридскиот регион од дивоградби, вели градоначалникот Георгиески

Од:

Само преку заедничко делување на локалната и централната власт ќе може да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е зачувување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион – напиша градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на социјалните мрежи.

Тој изрази задоволство околу одлуката на Владата да го задолжи Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат” да ѝ отстапи на Оптшина Охрид дел од соодветната механизација за спроведување на мерките за отстранување на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Според Георгиески, таквата одлука ќе придонесе за интензивирање на активностите за отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето како и на дивоградбите посочени од страна на Националниот парк „Галичица“.

Општина Охрид изминатата седмица продолжи со отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Со механизација де отстрануваа платофрми и урбана опрема на потегот од крајбрежјето после хотелот „Метропол“ кон Лагадин.

Најавено беше дека активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Почуствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина

Горан Наумовски

Пожар во населбата Даљан во Охрид, има повредени

Горан Наумовски

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Предраг Петровиќ

„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он