Заеднички ќе се чествуваат цар Самуил, свети Наум и свети Климент

Од:

Постигната е согласност за заедничко одбележување на цар Самуил, свети Климент и свети Наум на дводневната средба на заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија што заврши синоќа во Скопје.

– По долги дебати, заедничката комисија постигна согласност да даде препорака до владите на двете држави дека постојат доволно елементи за заедничко одбележување на св. Климент, св. Наум и цар Самуил, како мост за градење меѓусебни пријателски односи, во духот на Договорот за пријателство и добрососедство, соопшти македонскиот тим од заедничката комисија.

На средбата е разгледувана можноста за заедничко одбележување некои историски личности кои се значајни и за двете држави, додека дискусијата за учебниците по историја беше одложена за следната средба.

Ова е четврта средба на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која е формирана согласно Договорот за добрососедство меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Фокуснет – Телеком: 24 години судски спор, милионска отштета и разрешени судии

Предраг Петровиќ

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди