Заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија на почетокот на декември

Од:

На почетокот на декември ќе биде одржана заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија, што ќе се совпадне со пуштањето во употреба на дел од автопатот „Струма“ меѓу Кресна и Сандански, соошти бугарскиот премиер Бојко Борисов по денешната средба со претседателот на македонската Влада Зоран Заев во Софија.

Борисов пред новинарите ја повтори дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега и побара азил во Унгарија, никогаш ниту барал, ниту му е издаден бугарски пасош, како што објавија некои унгарски медиуми.

Македонскиот премиер Заев рече дека имал конструктивна средба со Борисов која е резултат, како што посочи, на потпишаниот Договор за пријателство меѓу двете земји.

Заев кажа рече дека билатералните економски односи се развиаат исклучително добро, трговската размена се проценува на околу 500 милиони евра, а целта е наскоро да достигне милијарда.

– Се работи на отворање нови гранични премини Делчево-Невестино и кај Симитли, а напредува и проектот за железничко поврзување меѓу Софија и Скопје, како и за гасоводната инфратруткура од Петрич кон Струмица, информира Заев.

Би можело да ве интересира

Иран e на крстопат: Договор со САД или враќање на воената конфронтација?

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија