Заедничка колумна на Шилегов и Каминис: Скопје и Атина работат на поблиска соработка

Од:

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, на 9 февруари 2018 година, петок, во Атина ќе имаат официјална средба, а во пресрет на неа, во заедничка колумна дадоа одговори на многу отворени прашања за актуелната политичка состојба во двете држави. Заедничката колумна ќе објавена во утрешните изданија на македонскиот дневен весник „Слободен печат“ и грчкиот дневен весник „Ta Nea“.

– Во текот на изминатите неколку недели беа направени важни чекори и беше направен моментум за решавање на спорот кој ги дели нашите држави со децении. Ова кулминираше со неодамнешниот конструктивен состанок помеѓу двајцата премиери во Давос, што доведе до изрази на надеж и охрабрување кај нашите народи дека оваа историска можност нема да се пропушти повторно. Ние, како градоначалници на главните градови на двете земји, ги здружуваме нашите гласови и го поддржуваме процесот што мора да води кон остварливо решение, а не кон ново разочарување – посочија Шилегов и Каминис во колумната.

Двајцата градоначалници го изнесоа своето разбирање дека активирањето на преговорите создава стравови и несигурност кај големи делови од населението во двете земји, и дека таквите негативни чувства и грижи треба да се почитуваат, внимателно да се решаваат и да не се игнорираат.

– Не смееме да дозволиме националистичките гласови во двете страни да ги искористат овие чувства во обидот да го загрозат конечниот договор и повторно да ја утврдат нашата судбина и нашата заедничка иднина, не само како соседи туку и како европски граѓани – нагласија Шилегов и Каминис.

Тие како локални лидери, соочени со моќта на градовите што станува сé поголема, појаснуваат дека треба да се справат со повеќе предизвици што се суштински за секојдневниот живот на нивните сограѓани. Се посочуваат како одговорни за обезбедување широк опсег на јавни услуги и должности за да ги направат своите градови привлечни и подобри места за живеење.

– Денес, градовите во Европа ги делат најдобрите практики, соработуваат на различни нивоа, дизајнираат интегрирани политики, промовираат глобални цели и се вклучуваат во директен дијалог со европските институции и меѓународни организации. Градовите имаат храброст да преземат понатамошни одговорности и да развијат тесна интеракција со активното граѓанско општество, секогаш во насока на подобрување на животните услови и донесување конкретни решенија за проблемите на граѓаните – усогласени беа Шилегов и Каминис.

Градоначалниците на двата главни градови се решени да изградат повеќе мостови на соработка и да бидат движечка сила за приближување на двете соседни земји. Сметаат дека е непобитен фактот дека бизнисите во Скопје и во Атина сé повеќе се поврзуваат, дека постои културна размена, младите студираат на исти универзитети, а нивните сограѓани посетуваат исти туристички дестинации во двете земји и развиваат меѓусебно пријателство.

На крајот од колумната тие додаваат дека како градоначалници на главните градови, решиле да го отворат патот кон поблиска соработка и силно ги охрабруваат нивните национални влади да го вложат тој дополнителен напор потребен за да не се пропушти новата можност и да се постигне договор кој им служи на основните интереси на двете земји и гарантира подобра иднина за сите нивни сограѓани.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух