Заедницата на еко-активисти бара Фонд за заштита на животната средина

Од:

Владата на Република Македонија итно да оформи посебен Фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1 процент од проектираниот БДП за 2018 година, бараат од заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“.

– Заради катастрофалната еколошка состојба во Македонија сметаме дека Владата треба да одвои околу 1 процент од БДП во посебен Фонд за заштита на животната средина. Го повикуваме Министерството за животна средина итно да изготви акциски план и соодветни проекти за бараните средства, се наведува во соопштението на „Скопје Смог Аларм“.

Како илустрација за лошо приоретизирање на јавните политики, се наведува, фактот што во изминативе десет години потрошени се скоро 700 милиони евра за проектот „Скопје 2014“ според Призма – Бирн, додека годишниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање варира помеѓу пет и десет милиони евра.

Од „Скопје Смог Аларм“ потсетуваат дека според Светската банка, како последица на аерозагадувањето македонската економија трпи годишни загуби од 253 милиони евра или 3,2 отсто од БДП, што значи дека реалниот раст на економијата изминативе години е 0 проценти.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС