Задолжително да се преврива водата за пиење во неколку села од Бошавијата

Од:

Задолжително да се преврива водата за пиење во неколку  села од Бошавијата, порача раководителот на Центарот за јавно здравје од  Кавадарци, доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена.

– Во мострите од водата земени последниот пат, регистрирано е присуство на бактерии од фекално потекло, ешерихија коли и колифорни бактерии. Препораката за превривање на водата произлегува токму од бактериолошката неисправност, појасни Ризов.

Се работи за водата за пиење од локалните водоводи во селата Чемерско, Бохула, Крњево и Горна Бошава, како и водата од горниот локален водовод во Долна Бошава, но и водата од природната чешма во Страгово и горната природна чешма во Бохула.

Од регионалниот Центар за управување со кризи Кавадарци потврдија дека добиле известување за здравствената небезбедност на водата за пиење во кавадаречките села кои своевремено беа дел од општината Конопиште.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он