Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Од:

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, ова денеска го одговори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој одговараше на новинарско прашање дали како Влада можат да помогнат во решавањето на проблемот со водоснабдувањето, бидејќи повеќе населби во Скопје се соочуваат со немање на вода за пиење во своите домови.

-И согласно законот за локална самоуправа, но и согласно законот за води одговорноста во делот на водоснабдувањето е во рамки на локалната самоуправа т.е во рамки на град Скопје. Владата тука нема никакви ингеренции, тоа сакам да го кажам, најдиректно за да стане јасно на нашите граѓани, вели Перински.

Тој додаде дека ова е кулминација од сите натложени проблеми, коишто го тиштат градот Скопје во изминатите повеќе од три и пол години и какошто рече не е само на ниво на град Скопје, туку овие проблеми кулминираат и во рамки на самите Јавни претпријатија.

-Знаете како, од она што јас го имам како информација, тоа е дека станува збор за технички проблем и мислам дека тоа многу соодветно да ви го потврди и самиот менаџмент на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје, изјави Перински.

Министерот за локална самоуправа Перински упати и апел до новинарите да видат во кој дел од Скопје се направени најголемите инвстиции во изминатите над три години, а од кои произлегуваат и техничките проблеми.

-Но, она што е уште по интересно, еве упатувам и еден апел до вас до новинарите, да видите каде се најголемите инвестиции, којшто градот Скопје и Јавните комунални претпријатија ги имаат направено во изминатите би рекол три години и многу брзо и јасно ќе ви стане одговорот, зошто во моментов ги имаме овие технички проблеми, вели Перински.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски