Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Од:

„Водовод и канализација – Скопје“ ја информира јавноста дека и покрај секојдневните апели и преземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем.

Скопјани во еден ден потрошиле 140 олимписки базени со вода или во просек секој по 664 литри.

-Како последица на сето ова, се соочуваме со прекини на водоснабдувањето на високите зони во делови од градот, нагласуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.

Од ЈП Водовод и канализација Скопје, апелираат до сите граѓани на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата, како и доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk.

-Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје, посочуваат од Ј.П Водовод и канализација – Скопје.

Ако се земе дека според податоците од последниот Попис 2021 во Скопје живеат 526 502 жители, тогаш секој жител во просек дневно троши повеќе од 664 литри вода.

Колку за споредба, ако се земе во предвид дека еден олимписки базен со димензии 50 на 25 метри и длабочина од 2 метри собира 2 500 000 литри вода, а во Скопје биле потрошени 350 000 000 литри тогаш Скопјани само во еден ден потрошиле околу 140 олимписки базени со вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

Петрушевски: Филипче кој е на Егејот има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран, граѓаните да немаат грижа – водата во Гостивар е безбедна за пиење

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години