Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

Од:

Државниот инспекторат за животна средина на 5 март изврши вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово, при што е утврдено повеќекратно надминување на граничните вредности за прашина, а на асфалтната база ѝ е наредено да престане со работа во период до 30 дена.

Како што посочија од ДИЖС, граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставиле видео запис на кој може да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршиле мерења на отпадни гасови и прашина од страна на акредитирана лабораторија.

Целта на мерењата е утврдување на реалните емисии и проверка на претходни извештаи за почитување на граничните вредности од дозволата, нарачани од страна на самата инсталација.

Со Извештајот на акредитираната лабораторија е утврдено повеќекратно надминување на граничните вредности за прашина.

-Во согласност со наодот на лабораторијата, на 12-ти март на асфалтната база ѝ беше наредено да престане со работа во период до 30 дена, односно додека се постави соодветен вреќаст филтер. Филтерот ќе обезбеди дека со наредни лабораториски мерења емисиите ќе бидат во рамките на дозволените граници, соопштија од ДИЖС.

Државниот инспекторат за животна средина информира дека ќе продолжи со ненајавени мерења на емисиите во воздухот и испуштањето на отпадни води од страна на загадувачите, што ќе ги врши акредитирана лабораторија, ангажирана по пат на јавна набавка.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС