Забележани тенденции за радикализација на машки затвореници од 18 до 24 години

Од:

Забележани се тенденции за потенцијални закани од радикализација или елементи на насилен екстремизам кај машки лица на возраст од 18 до 24 години во затворите во Македонија и кон нив се пристапува со посебен третман кој подразбира дополнителна едукација со цел кога тие ќе бидат пуштени на слобода и да можат непречено да се вклучат во општественото живеење.

Ова го посочи денеска министерката за правда Рената Десковска во рамки на регионалната конференција на тема дерадикализација, постапување и ресоцијализација на осудени лица во Западен Балкан.

Дводневната конференција се одржува како дел од програмата „Horizontal Facility for Western Balkan and Turkey“, што претставува програмска рамка кофинансирана од Европската унија и Советот на Европа, а ја спроведува СЕ.

Дескоска посочи дека точната бројка на радикализирани затвореници во земјава во моментов не може да се каже, потсетувајќи оти летово имаше апсење на една група кога се бореше на боиштата во Сирија.

Седуммина борци за Исламска држава во август беа пресретнати на Меѓународниот аеродром Скопје, откако беа заробени во Сирија во соработка со Глобалните коалициски сили и логистичка поддршка на САД и депортирани во Македонија. Тие, како што тогаш беше соопштено, биле ученици на оџата Реџеп Мемиши од чаирската џамија „Тутунсуз“, кој пак минатата година беше осуден на седум години затворска казна за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во редовите на ИД.

Дескоска денеска нагласи дека во затворите се забележани индиции во оваа насока кои секако, како што рече мора да бидат пресретнати и да се работи на остранување на ваквите идеи и на дерадикализција и ресоцијализација на тие затвореници.

Конференцијата е посветена на размена на искуства со земјите од Западен Балкан во однос на третманот на екстремистите во затворите, а како што посочи Дескоска целта е од таа размена да произлезе заедничка стратегија за борба против ова зло.

Истакна дека во земјава постои институционална соработка со цел да има следење на потенцијалниот развиј и ширење на овие идеи и по излегувањето од затворите.

Иван Коеџиков, раководител на Одделот за акција против криминалот, при Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото во СЕ нагласи дека иако затворениците не се многу популарни во јавноста, сепак тие се луѓе кои еден ден ќе излезат од затворите и кои ќе треба да се интегрираат во општеството.

– Многумина ќе кажат – тие треба да си ја отслужат казната, но не треба да заборавиме дека сите тие еден ден ќе излезат од затворите, ќе ги сретнеме на улица и ќе сакаме да им се насмевнеме и да им кажеме „добар ден“. Важно е да се почитуваат човековите права, не е лесно да се дерадикалзира некој кој одлучил да се бори на пример во Сирија, нагласи Коеџиков.

Лизелот Исаксон, раководителка на секторот за граѓанско општество и социјална инклузија, регионална соработка и програми за Западен Балкан, при Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување во Европската комисија истакна дека ова е технички состанок и е дел од еден поширок процес на заложбите на ЕУ и СЕ за регионот на Западен Балкан.

– Споделувме искуства во процесот за дерадикализација. Ова е есенцијален апскет во однос на дерадикализацијата и пронаоѓањето на решенија за луѓето кои доаѓаат од бојните полиња. Есенцијално е да се најде начин овие луѓе да се интегрираат во општеството, рече Исаксон.

Би можело да ве интересира

Дескоска: Ќе побарам донесување уредба за укинување на годишното финансирање на политичките партии

Ана Ололовска

Дескоска: Прогласувањето вонредна состојба е државничка одлука за која нѝ е потребна сплотеност, соработка и разум

Ана Ололовска

Дескоска: На сите им се јасни последиците од Законот за обвинителство, затоа е паниката и бурните реакции

Ана Ололовска

„Јустиција“ се најде пред државните институции

А1он

Дескоска сподели „бел чад“ по договорот за Законот за ЈО

Ана Ололовска

Правда: ВМРО-ДПМНЕ може да достави амандмани на законот за ЈО, сè друго е алиби

Ана Ололовска