За жените во Македонија приоритет на овој 8. Март е враќањето на демократијата

Од:

Жените од СДСМ добија подршка од сестринските партии од ЕУ. Еве што стои во пораката:
Ние сме свесни дека за жените во Македонија приоритет на овој 8. Март е враќањето на демократијата во вашата земја. Ние одлучивме тоа да биде и наш приоритет.

Почитувани сестри,
8. Март, Меѓународниот ден на жената е секогаш можност да се разговара за промени во економскиот, социјалниот, личниот и политичкиот статус на жените, за да го одбележат своето историско достигнување и да ги планираат идните активности за развој, еднаквост и мир.

Во последните неколку години, Европа е сè повеќе и повеќе свесна дека македонската конзервативна коалиција се изгуби во нејзиниот пат кон демократско вклучување на Македонија во Европската унија. Обичниот граѓанин, кој може да преживее само со работа, плаќа екстремно високи трошоци за грешките на владејачката коалиција. Сиромаштијата, невработеноста, губењето на иднината за младите, социјалниот очај се владетели во Македонија.

Жените беа погодени уште повеќе, особено затоа што во 2000 година, тие успеале да формираат крст коалиција, и чекор по чекор да ги убедат македонските политичари да ги прифати највисоките стандарди на ЕУ за родовата еднаквост и да се добие многу поголема гласност во важни јавни работи.

Овој прогресивен тренд не успеа благдарение на конзервативните политики на владејачката партија со кои се бара од жените да се откажат од своите соништа за слобода на избор и еднакви можности во сите сфери на животот.

Насилните физички протерувања на демократската опозиција, во парламентот во декември 2012 година, е клучна пресвртна точка во политичката деградација на вашата земја: кога опозицијата е брутално исфрлена од парламентот, кога средствата за јавно информирање се користат како мегафони на владејачката коалиција, кога изборните процедури не осигуруваат слободни и фер избори, парламентарната демократија е во опасност.

Уште еднаш стана јасно дека диктатурите не се само дискриминаторски кон жените, туку тие го користат насилството против сите свои политички противници. Беше ужасно да се види како жени-пратенички беа брутално нападнати и влечени од страна на безбедносните сили во парламентот. Беше ужасно да се види како жените-пратенички и една жена-министерка за внатрешни работи од владејачката коалиција не направија ништо за да ги заштитат своите жени-колешки и сојузнички во заедничките напори за родова еднаквост во Македонија.

Срамно е што одговорните институции на ЕУ, предводени од конзервативната Европска партија, не придонесоа за спасување на демократијата во Македонија. Реакциите беа млаки, испраќањето на пораката скептична за народот во Македонија: тие беа оставени на милост и немилост од овие недемократски лидери.

Ние, вашите политички сестри од 32 парламентарни левичарски партии, обединети во мрежата CEE за родови прашања во Централна и Југоисточна Европа и во ПЕС, обединети социјалисти, и SD жените во целата Европска унија, сакаме да знаете дека жените во Македонија не се сами, дека македонските граѓани, жени и мажи, кои барате демократија и почитување на сите човекови права во Македонија, не сте сами. Ние се чувствуваме одговорни за да ги подигнеме нашите гласови во ЕУ и да побараме од сите важни актери во ЕУ да реагираат и да вложат сериозни политички притисок врз вашата влада, веднаш да се ре-воспостави парламентарна демократија во вашата земја.
Ве молиме, слободно да ни ги испратите вашите барања упатени до соодветните институции на ЕУ, а ние ќе се потрудиме тие да бидат сослушани и сфатени сериозно!.

Со сестринска солидарност,

Dasa Silovic, CEE Network Board Chair Zita Gurmai, PES Women, President

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

Орце Костов

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски