За заштита на животна средина општина Куманово одвои 6,1 милиони денари

Од:

Општина Куманово од буџетот ќе одвои 6,1 милиони денари за заштита на животната средина. Програмата, што ја усвоија советниците на последната седница на Советот, предвидува 4,6 милиони денари за заштита на амбиенталниот воздух, милион денари за подигање на јавната свест за заштита на животната средина и половина милион денари за изработка на проекти.

За намалување на аерозагадувањето во Куманово, од буџетот се одвоени милион денари за субвенционирање на граѓаните кои ќе се приклучат на гасификациската мрежа. Општината ќе субвенционира по 150 евра за семејство кое ќе одлучи да се приклучи на системот.

Во рамките на програмата предвидено е да се изработи и катастар на животна средина. Овој плански документ е основа за управување со животната средина и согласно него ќе се се организираат проектите и активностите, а ќе го подготват експрети од повеќе области и раководители на повеќе сектори од општината. За изработката на проектите, општината ќе одвои половина милион денари.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе