За време на викендот полицискиот час да трае од 19 часот до 5 часот наутро, предлага Комисијата за заразни болести по денешниот состанок на кој денеска бил вклучен и Централниот штаб на Владата.
Овој предлог ќе се разгледува на денешната седница на Владата попладнево.
„Во однос на олабувањето на мерките, останува да ја следиме состојбата во текот на денешниот ден, а потоа ќе излеземе со соодветни предлог-мерки кои ќе бидат доставени до Централниот штаб и до Владата“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.