За викенд ревакцинација на Македонците на белградски саем и Ниш со АстраЗенека

Од:

На Белградскиот саем и во салата „Чаир“ во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15.000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината АстраЗенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските државјани на останатите вакцинални пунктови во Србија.

Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ, изјави дека 13.000 луѓе од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза.

-Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8.000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5.000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ за телевизијата К1.

Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот.

Бекиќ потсети дека без закажување на Саемот можат да се вакцинираат граѓаните на Србија, БиХ и Северна Македонија, како и дека вакцинирањето без регистрација се спроведува на сите 225 пунктови во Србија.

Во понеделник од здравствениот центар во Ниш наведоа дека од 18 до 21 јуни се очекува голема гужва, кога е терминот за повторна вакцинација на 5.700 македонски граѓани кои во март во Србија ја примија АстраЗенека, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

Точниот број на вакцинитраните македонски граѓани во Србија, според тогашната изјава на министерот за здравство Златибор Лончар изнесува околу 15.000 луѓе.

Последниве денови се намалува вкупниот број на имунизирани лица на дневно ниво, како и бројот на граѓаните од Македонија кои доаѓаат во Врање за вакцинација.

-Во четвртокот на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање дадени се вкупно 627 дози вакцини, соопштија од Здравствениот дом во Врање.

Кога станува збор за македонските граѓани, кои по отворањето на вакцинацијата без закажани термини, броеја 700 на ден, нивниот број во четвртокот падна на 289 за еден ден.

Во Врање до четврток, 17 јуни вкупно се дадени 58 691 доза вакцини против коронавирус соопштија од Градскиот штаб за вонредни состојби, од кои вакцинирани се 7 088 граѓани на Северна Македонија и 5 државјани на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски