За вештачењата за Ласкарци скопското Обвинителство досега должи 1,5 милион денари

Од:

Скопското Обвинителство само за досегашните вештачења за несреќата кај Ласкарци потрошило 1,5 милион денари, во кои влегуваат трошоците за обдукција, вештачењата и прегледите, потврди за „А1он“ првиот човек на оваа институција, Сашо Рајчев.

„Не се стасани сите фактури, а ќе доаѓаат и нови, за медицинските вештачења од Судска медицина кои што се во тек, за преживеаните жртви…“, вели Рајчев.

Шефот на скопското Обвинителство потенцира дека мора да земе предвид фактот дека ова основно јавно обвинителство е најоптоварено со предмети и со работа.

„Во реформите за правосудството мора да се спомене и Основното јавно обвинителство Скопје кое покрива 90% од криминалот во државата“, вели Рајчев.

За вештачења, преводи и други обврски според Законот за кривичната постапка, ова јавно обвинителство заклучно со 31 декември 2018 должи над 9 милиони денари или приближно 150 илјади евра. Ако на ова се додадат и трошоците направени по 1 јануари 2019 година, сумата за трошоци е многу повисока.

Првиот човек на скопското Обвинителство за „А1он“ вели дека се обидуваат навремено да ги подмируваат обврските, но дека обемот на работа, а со тоа и трошоците континуирано се зголемуваат.

Рајчев потсети дека според постојните одлуки за систематизација што ги донел Советот на јавните обвинители, во Основното јавно обвинителство Скопје се предвидени 61 јавен обвинител. Од тие места пополнети се 46 позиции, од причина што 8 јавни обвинители се избрани во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, 5 јавни обвинители се избрани во СЈО, што значи на 13 јавни обвинители им мирува функцијата во ОЈО Скопје, а две места се непополнети.

Скопското Обвинителство лани постапувало по кривични пријави со кои се опфатени нас 13 илјади полнолетни лица. Алармантна е ситуацијата и со записничарите и со немањето истражен центар. Поканети да сведочат во Обвинителството биле враќани поради недостиг на записничари. За ситуацијата, Рајчев ги известил државниот јавен обвинител, Советот на јавните обвинители и министерката за правда.

Обвинителката Вилма Русковска пак, за „А1он“ рече дека заклучно со 28 февруари годинава Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за услуги должи 608.814 денари или приближно 9.900 евра.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО бара притвор за извршителка од Кичево, осомничена е за три кривични дела

Горан Наумовски