За три дена 35 сообраќајки на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 35 сообраќајни незгоди.

Во петок, на 30 јануари, извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и седум се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден пешак и еден патник во автобус.

Во сабота, на 31 јануари, извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.

Се случила и една незгода со загинато лице во 2 часот и 40 минути на локалниот пат село  Стајковци – село Црешево, во атарот на село Црешево во која учествувало патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Возачот од непознати причини изгубил контрола над возилото, поминал на левата лента од коловозот, излегол надвор од коловозот и се превртел. Од здобиените повреди истиот починал на лице место.

Во недела, на 1 февруари, извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 15 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 26 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај и 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив седум возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Климент Охридски“ и „Ацо Шопов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја