За Табановце од Гевгелија од синоќа до утрово заминале околу 3.700 мигранти

Од:

Од 21 часот ноќеска до 9 часот утрово, според евиденцијата на невладините организации и Меѓународниот Црвен крст од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 3.700 мигранти откако претходно биле згрижени и евидентирани.

Моментно во кампот се наоѓа нова група мигранти чие евидентирање е во тек и откако ќе заврши ќе се упатат кон Табановце со нов воз кој е поставен на платформата во прифатниот камп, јави дописникот на МИА од Гевгелија.

Инаку, во кампот на Меѓународниот Црвен крст кој се наоѓа во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија, функционира нова служба „Барање“ која посредува во спојување на разделените членови од семејствата кои поради разни причини патувањето не го продолжуваат заедно.

– Изминативе осум дена имавме 15 случаи на спојување членови од разделени семејства од кои 14 решивме успешно,а еден не успеавме и покрај сите вложени напори. Во тој случај се бараше брат на еден од мигрантите,но за жал и покрај тоа што случајот од кај нас премина и на повисоко ниво,спојувањето не се изврши од причина што се претпоставува дека братот најверојатно се удавил неодамна во Егејското море, рече координаторката Сања Костадинова.

Според Костадинова, службата за почеток добро функционира и дека има воспоставено успешна соработка со соодветните служби кои постојат во Грција и Србија. Секојдневно, како што вели, комуницираат телефонски, а пропредавањето на пронајдените членови од разделени семејства го вршат на граничните премини во Гевгелија и Табановце.

Според одлуката на главниот штаб при Центарот за управување со кризи, превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце се врши првенствено со возови, но бидејќи нивниот наплив е нешто поголем, изминативе два дена во превозот на мигрантите беа вклучени такси возилата и автобусите.

Такси возилата и автобусите се уште се паркираат на мостот кај Сува река, а од општината информираат дека на одредениот простор во близина на кампот, од вчера почнале градежните работи за уредување на паркинг просторот.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море