За среда Центар најави инспекциски надзор на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Општина Центар, извршувајќи ги редовните работни задачи, продолжува со контрола на сите градби кои се изведуваат на нејзината територија. В среда, 2.9.2015, во 10 часот, овластен градежен инспектор ќе изврши контрола на градбата каде инвеститор е „Брилијант“ од Штип.

Градбата се наоѓа спроти Клубот на пратеници. Веднаш потоа, во 11 часот, инспекциски надзор ќе се изврши на градбата која се изведува на улица „Ѓуро Стругар“ ББ, чиј инвеститор е „Бетон“ од Скопје. Во овој објект, по завршувањето, треба да биде сместено седиштето на партијата ВМРО – ДПМНЕ.

Од инвеститорите општина Центар бара во среда да ја имаат комплетната документација за објектот, а за инспекцискиот надзор, општината до нив, достави уредно известување. Општина Центар, целата постапка со инспекцискиот надзор ќе ја води транспарентно, во присуство на јавноста. За ова интерес пројави и меѓународната заедница“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус