За седуммина граѓани на Авганистан обезбеден траен престој во Португалија, во земјава во моментов престојуваат 400 Авганистанци

Од:

Седуммина граѓани на Авганистан, четворица возрасни и три деца, изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште, соопшти владината Прес-служба.

Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан, кое е под закана на новата талибанска власт во земјата.

Северна Македонија во моментов дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан. Тие овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за престојот се покриени од меѓународните организации, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Редовна плата од 1.500 долари за Авганистанците кои ќе му помогнат на Путин: „Не сакаат да одат во Украина, но немаат избор“

А1он

Престојот во Албанија на 2.100 Авганистанци продолжен за шест месеци

Дополнителни 113 милиони евра хуманитарна помош од ЕУ за Авганистанците

Ана Ололовска

Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Ана Ололовска