Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

Од:

22 авганистански цивили, кои во изминатиот период престојуваа во Македонија, добија престој во Канада. Денеска со лет од меѓународниот аеродром во Скопје заминаа вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.

„Со ова продолжува успешната мисија за трајно решавање на статусот на мирољубивото население на Авганистан кое е во животна опасност од талибанскиот режим. Северна Македонија активно учествува грижејќи се за неколку стотини кои до сега пристигнаа во земјава. Повеќе институции и невладини организации се ангажирани пружајќи им ја сета помош и поддршка додека се сместени во објекти во Скопје. Вклучени се здравствени работници, волонтери на Црвениот крст, а со правна помош за обезбедување документи потребни за заминување во трети земји асистира Македонското здружение на млади правници“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата