За речиси една година повеќе од 8.000 македонски државјани побарале азил во Германија

Од:

За период од 11 месеци годинава, 8.197 македонски државјани побарале азил во Германија. Како што соопшти германското министерство за внатрешни работи, Македонија е во групата на земји од каде и натаму доаѓаат најголем број политички азиланти, пренесе Мета.

Главната причина е финансискиот мотив, но, според германските закони, на секој возрасен барател, покрај обезбеден престој, храна, медицинска грижа, облека и образование за децата, му следува и помош од 130 евра месечно.

Инаку, македонските азиланти се на 6. место според бројот на барања, кои годинава во Германија се за 57 проценти повеќе од лани, а најмногу во последните 14 години.

Најголем број барања доаѓаат од Сиријци, повеќе од 35.000, следуваат Србите со повеќе од 23.000 апликации, а потоа на листата се Еритрејците, Авганистанците и Ирачаните.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска