За Радев, патот на Македонија кон ЕУ минува низ признавање на бугарската историја

Од:

За бугарскиот претседател Румен Радев признавањето и почитувањето на македонските Бугари и нивното културно-историско наследство се единствениот начин Македонија да стигне до ЕУ.

Испровоциран од демолирањето на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“ со употреба на огнено оружје, Радев го осуди нападот и рече дека македонските власти мора да разберат што треба да направат.

– Шефовите на државата во Република Македонија и општеството мора да разберат дека патот кон Европската Унија минува низ признавањето и почитувањето на македонските Бугари и нашето културно-историско наследство. Тоа е единствениот начин – изјави претседателот Румен Радев за БГНЕС при посетата на Враца.

Министерството за надворешни работи на Бугарија категорично го осуди тешкото инцидентот во кој беше употребено огнено оружје врз Клубот на граѓани со бугарска самосвест „Цар Борис III“ во Охрид.

За инцидентот вечерта на 23 ноември бил информиран генералниот конзулат на Бугарија во Битола. Генералниот конзул Димитар Иванов веднаш го посетил Охрид и воспоставил контакт со членовите на здружението и надлежните институции во градот инволвирани во случајот.

Ова е трет напад врз клубот Цар Борис III за помалку од два месеци. Претходниот напад беше извршен пред само два дена, за што Министерството за надворешни работи испрати вербална нота до амбасадата на Северна Македонија во Софија.

„Министерството за надворешни работи очекува надлежните органи во Република Северна Македонија во најкраток можен рок да преземат активности за откривање и изведување на лицето на правдата на сторителите на злосторството врз клубот Цар Борис Трети. Во врска со случајот денеска на средба во Министерството за надворешни работи ќе биде повикана вонредната и ополномошната амбасадорка на Северна Македонија, г-ѓа Агнеза Руси-Поповска, на која ќе и биде врачена протестна нота“, соопшти бугарското МНР.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски