За протестот за „Монструм“ во полиција повикани 14 лица, кривични пријави за инцидентите

Од:

Покрај прекршочни ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи и кои учествувале во насилствата за време на протестот за случајот „Монструм“. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. МВР досега идентификувало и повикало на разговор 14 лица, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Протестите кои се одржуваат се демократски чин за да се изрази некакво незадоволство од тоа што се случува во општеството. Но тие никако не смеат да бидат нарушување на законските правила и прописи. Точно е дека е поднесена пријава и против организaторот на протестот затоа што, пред се, не се придржувале кон мерките за заштита на здравјето и при тоа не биле испочитувани протоколите. Меѓутоа ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи. Секое од тие лица ќе биде санкционирано. Ние работевме во Единицата за насилен криминал и веќе се идентификувани и во вчерашниот ден се повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имот на државата, рече Спасовски на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата дали ќе бидат покренати кривични пријави за организаторите за протестите за случајот „Монструм“.

Тој појасни дека сите повикани се полнолетни, освен едно малолетно лице кое е повикано да дојде со родителот во станица.

-Секој еден кој прави кривично дело не е важно кој е, од која националност, верска или политичка припадност, не е важно дали е полнолетен или малолетен, мора да сноси одговорност врз основа на законските прописи, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Пет закони ќе се менуваат за да профункционира „Безбеден град“

Уапсен Бугарин за измамите со лажни сообраќајки

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Тројца полицајци повредени во сообраќајка кај Струга

А1он

Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави за бомби во училиштата, соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Извршени претреси во Одделот за општи и заеднички работи во МВР, одземени се мобилни телефони и обемна документација