Институот за јавно здравје во проект поддржан од Европската унија и официјално потврди дека Скопје е најзагадениот град во Европа, со екстермно високо ниво на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот.
ПМ2,5 честичките се поопасни од ПМ10 честичките и истовремено се главен причинител за голем број здравствени заболувања, меѓу кои и тешки болести.
Недозволиво е Коце Трајановски, локалната власт во Скопје и власта во заминување на централно ниво да го игнорираат проблемот со кој се соочуваат сите граѓани, реагираат од СДСМ.
Во отсуство на сериозна стратегија за справување со загадувањето, Трајановски и власта во заминување мораше да преземат итни мерки, како што се бесплатен јавен превоз и запирање на градежните работи во деновите со екстремно високо загадување.
Граѓаниите затоа на изборите ја казнија несовесната и неодговорна власт и избраа промени.
Ние во Планот за живот во Македонија освен што ќе реагираме на актуелни ситуации, се обврзавме на низа долгорочни мерки за намалување на загадувањето. Ќе субвенционираме фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природен енергенс. Ќе воведеме целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови.
Никој не смее да си игра со здравјето на граѓаните. За сите штети врз граѓаните и нивното здравје ќе има одговорност, реагира СДСМ.