ВИДЕО: За партиската трибина на СДСМ, полицијата уште од вечерва ја обезбедува салата „Борис Трајковски“

Од:

Сите шест влезови на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва се затворени од полицијата. Ова се случува непосредно пред утрешната трибина на СДСМ, која треба да се одржи во оваа сала, а откако денеска имаше дојава за поставени бомби.

Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината.

Сите кои ја користат салата за вежбање, за крос-фит, но и оние кои дошле да ги посетат продажните салони, реагираат поради блокадите кои ги поставила полицијата. Дел од нив и гласно коментираа дека тие треба да губат време и нерви, за да СДСМ непречено си држи трибини.

Досега ова е првпат да се примени ваква мерка на обезбедување на објект по дојави за бомби. Ова не беше направено ниту во училиштата каде десетици пати имаше дојави за лажни бомби, а учениците трпеа и психолошки последици поради постојаните евакуации од страна на полицијата.

„А1он“ побара одговори и од МВР дали на овој начин сакаат да спречат евакуација ако додека трае трибината стигнат дојави за бомби, а оттаму најавија одговор за подоцна.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет