Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

Од:

МВР информира дека вчера попладне од 16 часот, па се до вечерта во 22 часот на подрачјето на СВР Битола е спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мопеди и електрични тротинети.

За време на контролата преземени се 52 мерки против возачи на мопеди и мотоцикли, од кои 33 за некористење на заштитен шлем – кацига, четири за возење под дејство на алкохол, пет за необновена полиса за осигурување, еден за измината важност на сообраќајната дозвола и девет останати прекршоци.

Исто така, за време на акциската контрола преземени се 25 мерки против лица кои управувале електрични тротинети.

Од нив 17 за некористење кацига и рефлектирачки елек навечер, две за управување по несоодветна површина, една против лице кое не наполнило 18 години и пет останати прекршоци.

При контролата откриени се и осум кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик и одземени се осум моторни возила.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он