За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Од:

Обвинителството ќе ја почека писмената одлука на судот за да види што може да се преземе за предметот „Беса Транс“, кажа обвинителот Владимир Милошевски по изрекување на пресудата за предметот „Беса Транс“. Тој посочи дека во обвинението стои дека Министерството за транспорт и врски воопшто не издало извод од лиценца за конкретниот автобус.

„Ниту било поднесено барање, ниту била издадена лиценца. Тоа значи дека автобусот, како што е напишано во обвинението, како што и судот денес при објавување на пресудата кажа, покажувал пред надлежните државни органи извод од лиценца, а таков документ воопшто не бил издаден од надлежниот орган. Она што е покажано не е за тој автобус. Без разлика дали е од нешто друго, дали е воопшто целосно фалсификувано, не постои. Во правниот сообраќај не постои извод од лиценца за конкретниот автобус. Токму тоа е и основата на подигањето на обвинението и тоа е теоријата на случајот што Обвинителството ја имаше во моментот на подигање на обвинението“, рече Милошевски.

Според него, овој предмет е поврзан со фалсификување на исправа, а за причините за сообраќајната несреќа надлежно е обвинителството во Бугарија.

Денеска сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу, доби една година и осум месеци казна затвор, а ќе мора да плати и глоба од 800.000 денари. За компанијата пак, беше изречена четиригодишна забрана за вршење меѓународен превоз.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Судењето за „Синџир“ одложено за 8 јули

Ја киднапирале за пари – готово обвинението за убиството на Панче и Вања за четворица, таткото обвинет за помагање

Анита Петровска Рајковиќ

Врховниот судија Наке Георгиев спроведен во Кривичен, ќе се одлучува за неговиот притвор

Катерина Ѓуровски

Кривичен денеска ќе одлучи дали судијата Георгиев ќе оди во притвор, за Мемети нема да се бара најстрога мерка

Адвокат починал денеска во Граѓанскиот суд во Скопје

Орце Костов