За неполни три месеци, 20 пријави од кумановци за оштетувања на автомобили

Од:

За неполни три месеци, кумановци во СВР Куманово пријавиле 20 оштетувања на нивните автомобили.

Граѓаните преку социјалните мрежи постојано се жалат дека нивните автомобили паркирани на отворено се мета на вандалско однесување.

– Од пријавените оштетувања, две се однесуваат на изгребани возила, по седум се однесуваат на скршени стакла и други оштетувања на патнички возила, додека четири се за дупнати гуми, велат од кумановската полиција.

Возачите се жалат дека намерно одредени несовесни граѓани им ги уништуваат ветробранските стакла, страничните стакла, со остри предмети им ги гребат автомобилите што дополнително им создава товар во семејните буџети за одржување на автомобилите.

СВР Куманово информира дека презема мерки и активности за расчистување на пријавените оштетувања.

Лани на подрачјето на Куманово, според податоците на полицијата, пријавени биле 137 оштетувања на патнички моторни возила. Од пријавените оштетувања 17 се однесувале на изгребани патнички возила, а по 35 пријави имало за скршени стакла и дупнати гуми на патнички возила, шест се однесувале на возила испрскани со спреј и течност и 44 се други оштетувања на патнички возила.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе