За неносење заштитна маска 27 казни за еден ден во Крива Паланка

Од:

На територијата на општина Крива Паланка за еден ден биле изречени 27 казни за неносење заштитна маска.

Службата за комуникација со јавност на Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 30 ноември 2020 регистрирани биле 27 прекршоци за неносење заштитна маска на подрачјето на Крива Паланка, а на територијата на целата држава во понеделникот имало 538 санкции за непочитување на оваа мерка.

До 30 ноември, на територијата на Крива Паланка се евидентирани 132 лица во изолација. Од СВР Куманово информираат дека од почетокот на епидемијата во земјава, во Крива Паланка вкупно 1231 лице биле во изолација.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка