За настава во училница стигнале две барања од Крива Паланка и едно од Петровец, Образование очекува зголемување на бројот

Од:

Министерството за образование и наука ги добило првите три барања за настава со физичко присуство на учениците.  Минатата недела Владата одлучи наставата оваа учебна година да биде онлајн како мерка за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, со исклучок на учениците од прво до трето одделение чии родители можат да изберат дали нивното дете физички ќе посетува настава или ќе учи онлајн, а исклучок може да се направи за паралелките кои имаат помалку ученици на кои со согласност од Министерството за образование и од Министерството за здравство ќе им биде дозволено да наставата да ја следат во училница.

Од Министерството за образование велат дека барањата за настава во училница почнале да им стигнуваат.

„ До овој момент доставени се три барања, две од општина Крива Паланка и едно од општина Петровец, но очекуваме бројката да се зголеми во следните денови откако ќе се провери мислењето на родителите/старателите на учениците по однос на ова прашање и откако ќе биде донесена и објавена одлука за тоа кога ќе започне новата учебна година“, велат од Министерството за образование за „А1он“.

Кога ќе почне учебната година се уште не е извесно, а од Министерството за образование не одговорија на прашањето дали родителите имаат рок во кој треба да ги достават барањата за настава во училница.

Министерството најави дека ќе ги објави сите училишта кои имаат паралелки со помалку од 20 ученици и кои може да побараат согласност за одржување на наставата со физичко присуство на учениците.

„ МОН поседува информации по однос на бројот на паралелки во кои има до 20 ученици и истите беа искористени при планирањето на моделите за организирање на наставата во новата учебна година. Во следните неколку денови овие информации ќе бидат објавени“, велат од Образоване.

Родители на деца од основните училишта каде во паралелките има помалку од 20 деца велат дека веќе се организираат и собираат потписи за настава во училница кои треба да бидат доставени до градоначалниците.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека за постапување по барањето на родителите се уште чекаат насоки од Министерството за образование.

Со онлајн настава не се согласуваат ниту средношколците кои најавениот протест за в петок го одложија за понеделник поради неработниот ден. Тие бараат наставата да биде комбинирана, а не исклучиво онлајн.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни