„За нас леб од 33 денари, за министрите плата од 1.800 евра“ – Протест на вработените во Министерството за култура

Од:

„Ние добивме леб од 33 денари, а министри со плата од 1.800 евра со која ќе можат да си купат што сакаат“ истакнаа вработените во Министерството за култура кои шести ден протестираат пред Владата и бараат покачување на плата.

Втора недела се на протести, но никој од надлежните не сака да ги прими на разговор.

– Со овој протест го означуваме крајот на втората недела во која како преставници на Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, упорно бараме некој да ги сослуша нашите барања.

Очигледно „кучињата си лаат карванот си врви“. Извесно е дека именуваните функционери ќе си добијат покачување од 78% или илустративно еден министер ќе добива 1.800 евра, а еден обичен работник од државната администравија од 400 евра. Платите на функционерите ќе бидат четири пати поголеми од платите на вработените во јавниот сектор.

Министерот за финансии ќе обезбеди за нив повисоки плати и без протести. Зашто нели тие тоа го заслужуваат. Секојдневно сме сведоци на покачувања во другите сектори, освен секторот култура кој останува на маргините“, истакна од синдикатот.

Повикаа да ми се придружат другите колеги од помалку важните министерства за да се изборат заедно за достинствена плата. Бараат прием кај министерот за финансии Фатмир Бисими за да им каже кога ќе го добијат она што им следува и она покачување што веќе го добија другите министерства.

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Поетроника, интервју со Митковски и Салпе: Идејата е авангардата да ја направиме мејнстрим

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ