„За моментите на среќа – вакцинирај се“: Владата со кампања за вакцинација и борба со дезинформациите

Од:

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ја промовираа новата кампања, со цел да го зголемат обемот на вакцинација во земјава, но и за борба против „антиваксерското дезинформирање на населението“.

Тие го промовираа и рекламниот спот за кампањата, насловена како „За моментите на среќа – вакцинирај се“, каде се прикажани луѓето како патуваат, одат на поголеми прослави, прават свадби, се дружат, а децата одат во училиште без маски, со цел, како што рече Филипче, да се потсетат граѓаните како се живеело пред пандемијата.

„Граѓаните мора да ги имаат точните проверени стручни информации за вакцините. Новиот пик и новиот делта сој потврдува дека една од најсуштинските мерки е масовната имунизација на населението. Со новите мерки што ги донесе владата лежи токму таква цел и тие даваат ефект. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствен начин да се победи пандемијата. За да го поттикнеме овој тренд и да ги охрабриме граѓаните, ја лансираме оваа кампања“, изјави Заев.

Според Филипче, вакцината во моментов е најсилното оружје против Ковид-19.

„Гледаме дека повеќето смртни случаи и оние со потешки форми се невакцинирани. Сосема мал е бројот на заразени кај вакцинираните. Оваа кампања ќе ги информира граѓаните за придобивките од вакцинацијата, треба да ги разбие сите митови и дезинформации и да ги поттикне граѓаните да се вакцинираат. Ќе се бориме против овие дезинформации кои ги заплашуваат граѓаните и ќе ги разбиеме сите митови“, рече Филипче и ги повика младите да се вакцинираат во што поголем број, за да се заштитат себе и околината.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Продолжува кампањата за претседателските избори, а наскоро започнува и за парламентарните

А1он

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

Орце Костов

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Започнува медиумската кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на Македонија, под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“

Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

А1он