За лицата со посебни потреби недостапни 20 јавни институции поради архитектонски бариери

Од:

Од вкупно 77 јавни институции во Македонија, 20 јавни институции немаат овозможен пристап за лицата со посебни потреби до првиот кат, додека пак 64 јавни институции немаат овозможен пристап до вториот кат за лица кои се движат со помош на инвалидска количка.

Ова го покажуваат податоците од аналитичкото истражување во рамки на проектот „Градење на капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија” спроведено од Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп (ЗСМХ), кои воедно повикуваат на свесност и акција кон подобро..

– Во Вардарски регион овозможен е пристап до вториот кат во две основни училишта, преку изградбата на лифт. Ваквата достапност и пристап е постигната со помош и поддршка од донации. Македонија располага со обележан паркинг простор за лица со посебни потреби, но свеста на граѓаните за рационална употреба се уште е на ниско ниво, наведуваат импелементаторите на проектот.

Воедно, бараат за лицата со посебни потреби да се обезбеди непречен пристап и движење до и во објекти како што се: образовни институции, здравствени установи, државни установи, станбени објекти, спортски и културни установи, согласно правното уредување кое потврдува дека секоја држава е облигаторна да ги прилагоди архитектонските барање според потребите и претходно утврдените стандарди и правила за обезбедување што поголема пристапност на граѓаните до јавните објекти.

– Градење на инклузивно општество подразбира прилагодување на општествената средина според потребите на граѓаните. Бројни примери од минатото говорат за еден спротивен пристап каде граѓаните ги прилагодувале своите потреби според општествените услови. Свесноста за промени во општеството во правец на инклузија на сите групи, особено на лицата со посебни потреби е сечија задача: бизнис секторот, институциите и граѓаните, истакнуваат од Фондацијата ПРЕДА Плус и Здружението на студенти и младинци со хендикеп.

Архитектонска пристапност, се наведува, подразбира целосен пристапен влез и рампа, пространа површина во јавните установи за движење со количка, лифт за пристапност до вториот кат, овозможен паркинг простор наменет за лица со посебни потреби обележан со соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, тактилни патеки и звучни семафори за лица со оштетување на видот и соодветно осветлување во јавните установи за лица со оштетен слух.

Би можело да ве интересира

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

Владата ја усвои Новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Се загуби 70-годишната траекторија во образовниот процес на лицата со попреченост

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој, затоа оваа Влада континуирано инвестира и во социјалната заштита

Влада: Започнува процесот за креирање на нова Национална стратегија на лицата со попреченост

А1он

Тренчевска: Преку соработката со граѓанските организации обезбедувaме поддршка за сите граѓани​

А1он