За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија

Од:

Двајца македонски државјани, минатиот петок биле уапсени во северозападниот дел на Грција, а сега им е одреден привремен притвор, под сомнение дека помагале во криумчарење мигранти додека трето лице пренесувало мигранти со автомобилот.

Едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што и доставил соодветен документ од надлежното Министерство, меѓутоа според информациите на дописничката на МИА од Атина, не е исклучена можноста да станува збор за вработен во затворот или службеник во компанија за обезбедување.

Од грчката полиција во саботата соопштија дека во петокот напладне на локален пат во општина Еврос во близина на границата со Турција биле уапсени тројца странски државјани, вмешани во случај на транспорт на нелегални мигранти.

Поконкретно, полициските службеници ги привеле сторителите, бидејќи едниот од уапсените во автомобилот нелегално превезувал пет нелегални мигранти, додека другите двајца се превезувале со друг автомобил и дејствувале како придружба на првото возило со цел да избегнат полициски контроли на возилото со кое се превезувале илегалните мигранти.

Полицијата ги одзела и двата автомобили како и мобилните телефони на уапсените.

Уапсените биле изведени пред обвинител во градот Александруполи и им била одредена мерка привремен притвор се до судењето.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод