За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

Од:

За премиерот Димитар Ковачевски директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашковска била добар избор затоа што го решила сајбер нападот во ФЗО за само две недели.

По хакерскиот напад во ФЗО, не функционираа системите во Фондот за Мој Термин ниту системот за плати цели две недели. Ковачевски, исто како и директорката Филиповска Грашковска смета дека тоа што системот не функционирал само 14 дена било успех.

– Успеаја во Фондот за 14 дена да го решат проблемот со хакерскиот напад, додека ваков сличен напад со сличен интензитет во светот е просек 21 со 24 дена. Се потврди мојата проценка дека Филиповска-Грашковска е добар избор за директор за Фондот. Главниот инженер кој работеше на овој проблем поради исцрпеност е сега на боледување. На една од следните државни награди кои ги доделува државата, ќе предложам да биде одликуван со државна награда во име на систе компјутерски инженери кои во моментов работат на спречување на сајбер напади, рече Ковачевски.

Претходно, директорката на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска-Грашковска во своето прво појавување во јавноста две недели откако се случи хакерски напад на системот во ФЗОМ, рече дека тоа што системот не бил во функција само 14 дена, било знак за успешност.

– На 6 февруари е забележан проблем во ФЗОМ и веднаш се исклучени системите. Кога се утврди дека се работи за сајбер напад, сите ИТ-експерти почнаа да работат деноноќно за да се вратат сите системи. Граѓаните да бидат спокојни и немаше одлевање на податоци. Нивните податоци се заштитени и безбедни. Исплатени се платите на здравствените работници. Успеавме да го надминеме проблемот за само две недели што е знак за успешност, рече Филиповска-Грашковска.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Пациентите оставени на цедило: Фондот ги намали операциите на срце во приватните клиники

Орце Костов

Ристески: СДС и ДУИ го повторуваат М-НАВ во ФЗОМ, ги шиканираат постоечките вработени за да примат нови партиски кадри