За Кацарска, пратениците се несериозни: Зарем пет судии треба да дискутираме за уставноста на Преспанскиот договор

Од:

„Зарем само пет судии треба да дискутираме за указите за Преспанскиот договор, за Законот за употреба на јазиците каде е оспорена уставноста?“, праша јавно претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, откако со месеци чека Собранието да ги избере четворицата судии со што ќе се пополнат празните столчиња. Според неа, несериозно е пет судии да носат толку важни одлуки кои се важни за иднината на Македонија.

„Ваквиот однос на пратениците е несериозен. Како да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Во последно време и самата се прашувам дали можеби некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација“, рече Кацарска.

Ако до декември не се изберат судии, целосно ќе се блокира работата на Уставниот суд, бидејќи уште еден судија ќе остане без мандат.

„Единствена надлежност на Уставниот суд е да се обрати до претседателот на Собранието пред да истече мандат на некој од судиите. Тоа е направено во април минатата година, кога Џафери е информиран дека на тројца судии престанува мандатот. Потоа во месец ноември испратив и писмо со кое го информирав дека на еден судија му престанува мандатот во јануари. Тоа се моите надлежности. Јавноста знае дека испратив и писмо со апел да се најде начин да се изберат четворицата судии“, посочи Кацарска.

Ако Уставниот суд биде блокиран, според Кацарска, угледот на Уставниот суд ќе биде максимално нарушен и меѓународно.

„Согласно Деловникот имаме деловничка надлежност да работиме и со пет судии, кои ќе бидат присутни. Но тежината на одлуките кои ги носиме, дури и оние кои се носат едногласно со пет гласови ‘за’ е сепак поинаква во споредба доколку за таа одлука би дискутирале сите девет судии. Не залудно Уставот предвидува, девет судии да го сочинуваат Уставниот суд. Притоа, сакам да нагласам дека има важни предмети за граѓаните на оваа држава, несериозно да одлучуваме само пет судии за тие предмети“, додаде Кацарска.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски