За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, чија партија но и тој постојано повторуваат „Никогаш Северна, само Македонија“ отстапуваат од ова мото кога излегуваат од државава. По се изгледа не им пречи и не вложуваат никаков отпор или протест кога се потпишани како делегација од Северна Македонија.

Како шеф на делегацијата на Парламентарното Собрание на НАТО, Илија Димовски е заведен под името Северна Македонија. На неговата пристапница јасно стои дека тој е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Република Северна Македонија, но според досегашните информации тој не вложил протест ниту пак коментирал дека му пречи додека седи во НАТО фотелјата за што зема и дневници.

Но, Илија Димовски кога ќе се врати во македонскиот парламент, постојано од говорницата повторува дека не го прифаќа новото име и државата ја именува како Македонија. Во неговите говори едно од главните обвинувања е дека власта го сменила името, иако знаела дека државата нема да добие датум за преговори со ЕУ.

Димовски вели дека на оваа позиција дошол пред да се смени името и тврди дека не го употребувал новото име Северна Македонија во неговите настапи и на средбите со делегациите.

„На оваа позиција сум од конституирање на Собранието, односно испратен сум од парламентот како шеф на делегацијата во Парламентарното Собрание на НАТО. Значи таму сум од моментот кога Република Макеоднија беше Република Македонија, односно пред да се смени името. Промената на името не зависи од моето членување таму. Во сите мои настапи или на средби со видни политичари, никогаш не сум го употребил новото име. Сум имал средби и со претставници од грчкиот парламент како и средби со шефови на сите делегации и одговорно трвдам дека и во нивно присуство, новото име не сум споменал. Секогаш велев, македонската држава, државата на македонскиот народ, но Норт Македонија никогаш. Има записници од тие средби, може да се провери, дека јас како Илија Димовски секогаш сум стоел цврто на своите ставови“ изјави Димовски за А1он.

На прашањето зошто Димовски не го непуштил членството откако државата го сменила името, тој вели:

„Не сакам да прифатам дека ако си про Нато си за Преспа и обратно, ако не си за Преспа, не си ниту за НАТО. Ние сме за Нато и пред и после Преспа, иако сметаме дека тој е штетен договор за државата“, додава Димовски.

И партијата ВМРО-ДПМНЕ уште во март е заведена под новото име во Европската народна партија (EПП), на нивната официјална интернет-страница. Промената е направена, откако беа изгласани уставните измени за промена на името. ВМРО- ДПМНЕ ниту се побунила, ниту пак коментирала во Европската народна партија дека има против новото име.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски