За една недела во Крива Паланка регистирани 125 прекршоци за неносење маска

Од:

Со зголемување на бројот на позитивни лица со Ковид-19 на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, зачестени се и контролите за почитување на уредбата за задолжително носење заштитни маски.

Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, во овие две општини во изминатата седмица изречени се вкупно 125 прекршочни пријави за непочитување на уредбата.

– Во однос на уредбата за задолжително носење заштитна опрема на подрачје на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, во текот на изминатата недела, во периодот од 11 до 18 септември 2020 година, регистрирани се 125 прекршоци, додека на подрачјето на ПС од ОН Кратово, регистрирани се 20 прекршоци за неносење заштитна маска, информира портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ.

На територијата на општините Крива Паланка и Ранковце во моментот има 104 лица со решенија за изолација, додека во Кратово осум лица се со решенија за изолација. Во сите три општини нема лица кои се во самоизолација.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он