За една недела санкционирани 174 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Од:

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционирала 174 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 22.02. до 28.02.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 90 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението од јавното претпријатие.

Испраќаат апел до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Би можело да ве интересира

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Левица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници

Ана Ололовска

Велешанката со инвалидитет која плати казна за паркирање на место за инвалиди: Добив извинување, ама ќе се жалам

Орце Костов

Тепачка во Аеродром за паркинг

Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

А1он