За една недела подигнати 249 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Од:

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 249 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 30 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 219 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Како што информираат од град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 310 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 30 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

На паркинг во Скопје тешко повреден пешак

ОЈО: Скопјанец „окупирал“ државно земјиште и го претворил во паркинг